Astro&Horoscope

Зошто баш 12.12.2020 е најмоќниот ден во годината?

Бројните низи во нумерологијата и духовноста се посматраат како ангелски броеви, односно низа броеви, коишто носат моќни пораки од Универзумот.

12.12. се смета за најмоќен ден во годината, се отвора порталот со бројот 12, а оваа низа на броеви ја носи потребната енергија за позитивна трансформација, како наа сопственото битие, така и на односите со другите луѓе.

Оваа нумеролошка низа ќе му донесе на секој од нас одредена моќна порака од Универзумот. На пример, ако сте на погрешен пат, ќе се појави чувство што ќе ве охрабри да се вратите на крстосницата на животот и да одберете подобар пат за себе. Или, ќе станете свесни за вашите грешки во минатото и ќе знаете кои аспекти од вашиот живот треба да се променат за да станете најдобрата верзија од себе.

Во 2020 година, серијата броеви 12.12 е посебна и различна, затоа што се случува истовремено со големиот спој на Сатурн и Јупитер, односно големото Доба на Водолијата.

12 е моќен број во нумерологијата што ги симболизира позитивните промени, но тие се јасни, лесни и директни. Тоа означува крај на еден циклус и отворање на нови врати на животот, во кои ќе можете да се соочите со предизвиците и да пронајдете повеќе надеж за годината што доаѓа.

Единицата претставува нов почеток и лидерски способности, а двете заедно се број на рамнотежа и хармонија. Кога се комбинираат, тие даваат моќна низа и силна енергија што поттикнува самореализација.

Во астрологијата, оваа бројка се совпаѓа со спојот на Сатурн и Јупитер, редок астро аспект што носи среќа и шанса за просперитет.

Напиши коментар