After Midnight

Зошто би требало да причекате барем еден месец пред да стапите во сексуален однос?

Тешко е да се најде вистинската хемија и кога ќе се сретнете со момчето со коешто ќе „кликнете“ на прва, веднаш ви се развиваат најразлични фантазии во врска со него.. Но, тука се јавуваат проблемите. Во моментот кога целосно ќе се предадете, ја губите вистинската позиција во динамиката на моќта за запознавање. Сексот создава лажно чувство на блискост, па дури и да не сте биле сигурни дали момчето е вистинското за вас, ќе почувствувате потреба да се поврзете после сексот. Вториот проблем е што овој човек можеби сè уште не го достигнал тоа ниво, па затоа, додека вие ќе сакате вашата врска да ја однесете на повисоко ниво, тој всушност ќе биде заглавен на место. Во оваа ситуација ќе се чувствувате лошо, затоа што тој ќе диктира колку ќе стане сериозна вашата врска.

Ајде да го вратиме филмот на почеток. Во периодот пред да стапите во сексуален однос, тој беше целосно маѓепсан од вас. Колку подолго ќе останете во таа фаза, толку повеќе ќе го заинтригирате и ова ќе ви даде контрола врз развојот на настаните. Затоа е важно да го одложите сексот што е можно повеќе – најмалку еден месец. Знаеме дека е тешко да се одолее кога физичката привлечност е толку силна, но на крајот се исплати. Погледнете ги нештата од овие агли:

Тој всушност сака да кажете не

На почетокот на „потерата“, мажите бараат брза забава во кревет, но исто така бараат и врска. И покрај тоа што тие ќе го искористат целиот свој шарм за да ве намамат во кревет, вистината е дека тие всушност сакаат одбивање. Да, тоа е контрадикторно. Јасно е дека тие сакаат секс, но исто така им се допаѓа и добар предизвик, и колку подолго треба да работат на случајот, толку се повозбудени од наградата. Ако му се допаѓате, тој потсвесно ќе го посака вашето отфрлање бидејќи тоа ќе ве направи уште попосакувани. Колку подолго можете да играте со ветениот секс, толку повеќе ќе ви биде фиксиран.

Сексот ќе биде подобар

Колку подолго трае периодот на чекање, толку поинтензивен ќе биде сексот кога ќе се случи. Како што го задржувате неговиот интерес со одбивање, така расте и неговиот интерес за – што ќе се случи на крајот. Да бидеме искрени – првиот секс со некого не е најдобар, но имајќи предвид дека го чекавте долго време, се чини дека е навистина интензивен. Ќе имате посилно чувство дека имате сè под контрола доколку почекате додека не почнете да се чувствувате навистина пријатно во негово присуство.

Напиши коментар