After Midnight

Зошто е подобро да ја прекинеме врската отколку да останеме во нешто кое веќе не е убаво како што било на почетокот?

Сигурно ја знаете реченицата: „Не ја читајте истата книга двапати, ако однапред го знаете крајот и не ви се допаднал“. Размислувавме за оваа тема и дојдовме до некои конструктивни заклучоци, кои не натераа да се согласиме со оваа фраза.

Врската што се развива помеѓу две лица, не секогаш завршува среќно и не се работи секогаш за љубовта, туку треба да се развива, пред се почитта, разбирањето, довербата, а љубовта и страста што доаѓаат со неа, може да се изгаснат или да исчезнат. Сепак, неопходниот скелет на секоја меѓучовечка врска, особено емотивна, е неуништлив. Без оглед кој донел одлука за евентуален крај на приказната, треба да се повлече линија. Откако ќе заврши, нека остане така!

Најчеста грешка е што ние секогаш ја обвинуваме едната страна и по завршувањето на една многу убава приказна, валканиот веш се вади на површина, несогласувањата пред кои толку долго вртевте грб, сомнежите кои ги негувавте длабоко во себе… И така, наместо правилен крај , се случува мини апокалипса што ги тресе животите на двајцата партнери барем за кратко време. За крај, како и за кавга, потребни се двајца, а кога ќе дојде крајот, и за себе и за другиот, најдобро би било тој да биде дефинитивен.

Знаете како велат: „Подобро добар крај отколку напнат опстанок“. Колку пати несвесно сме ја повредиле другата страна, дури и не размислувајќи каква лузна оставивме на неа. Исто како и многу пати, ние повредивме некого свесно, или поради повреденото его и суета, или затоа што само сакавме нешто што неизбежно ќе ја повреди другата страна. Како што свесно или несвесно повредивме, исто толку пати бевме повредени. И затоа само една личност никогаш не е виновна, и затоа крајот е секогаш добро решение, особено ако е консензуално и мирно.

Во моментот кога веќе не сте подготвени да направите компромис за доброто на личноста до вас, единственото нешто што е фер е да ја прекинете таа врска.

Зошто?

Бидејќи на овој начин, пред сè, ќе му овозможите на човекот до вас да продолжи, да ја бара својата среќа и поддршка. Нема потреба да одржувате некој во врска што ја губи својата перспектива и да му го одземете драгоценото време. Животот е еден и тој е многу краток и затоа секој заслужува да ја пронајде љубовта на својот живот и тоа што е можно побрзо!

Исто е и со вас. После еден таков крај, и вие заслужувате нова шанса, нова личност и ново искуство. Тоа е само природен редослед на настани. Врската што завршила остави трага и на двајцата, но да беше вистинската, немаше да заврши. Луѓето честопати се лекции едни на други, по што смело се втиснуваат во нови победи и доаѓаат до вистинските работи. Затоа, за претходните врски секогаш треба да се зборува во здрав разум и во добро сеќавање.

Се разбира, кога раните сè уште се свежи, многумина сакаат помирување. Ние сè уште ја сакаме личноста со која се разделуваме, навикнати сме и цврсто веруваме дека нашата љубов заслужува уште една шанса.

Филмот што следи по ваквото помирување честопати е добро познат на сите нас. Навики кои не се менуваат, префрлување вина, присилна атмосфера, недостаток на ентузијазам и оние вистински емоции и секако уште погрда завршница.

Затоа, подобро е да се заврши една приказна правилно, со трезен разговор и ладни глави, без разлика колку е тешко. Останете во добри односи со личноста со која веќе некое време сте споделиле дел од вашиот живот. И што е најважно, запомнете ги убавите работи.

Без оглед како ќе заврши врската, типична човечка грешка е да се извлече најлошото од неа и на тој начин да се префрла вината како топче за пинг-понг. Сè што се случило, се случило со причина. А, секој крај е нов почеток. Додека траеше, беше убаво, почесто убаво отколку неубаво. И, тоа треба да се запомни, треба да се потенцираат позитивните страни на врската и да се гледа како на позитивно искуство. Колку и да беше тежок и болен крајот, секако е помалку болно од никаква, емоционално уништена врска.

Напиши коментар