Free zone

Зошто големината на усните е толку важна денес?

Формата на усните стана толку важна за нас, што на пазарот постојат најразлични кармини, сјаеви, полнила и слични други „помагала“ што ни помагаат конечно да ги добиеме совршените усни.

Кога сме веќе кај тоа, какви се тие „совршени“ усни?

Додека, на пример, Ким Кардашијан или Амбер Роуз имаат усни какви што би сакале многу дами, науката излезе со точни пропорции, коишто покажуваат изглед на совршени усни. Кардашијанс и другите кои имаат филери, може да се тргнат на страна, затоа што Кејт Бекинсејл и Мила Кунис ја имаат совршената пропорција на усни.

Научниците од Медицинскиот факултет во Анкара, предводени од професорот Нурај Бајара Мулук, ги утврдија димензиите за најатрактивната форма на усни.

Според нивното откритие, горната усна не треба да биде подебела од 3,5 сантиметри, а долната од 2,2 сантиметри.

„Во никој случај не треба во една просторија прво да влезат усните, а потоа остатокот од лицето“, вели професорот Мулук.

“Усните се многу важна компонента на симетријата и естетиката на лицето. Преобликувањето на усните со естетска хирургија стана многу популарно во последно време, но резултатите се катастрофални во некои случаи”.

Таа и нејзиниот тим ги засноваа овие откритија на некоја „златна средина“, композициски закон во кој помалиот дел се однесува кон поголемиот како дел кон вкупното. Колку е поблизу добиениот резултат до односот 1: 1,6, толку е „посовршен“ резултатот.

Професорот Мулук вели дека оваа врска може да се најде во ширината на носот и устата, како и во растојанието помеѓу зениците и брадата, во споредба со растојанието на линијата на косата од зениците. „Усните “колбаси”или ” патка”не се случуваат само поради прекумерна корекција, туку и поради слабото разбирање на деликатните контури на нормалната анатомија на усните. Претерувањето во овие пропорции или погрешни пропорции доведува до таканаречени усни на патка”, истакнува професорот.

Пластичниот хирург, Кристофер Иглфилд истакнува дека естетската корекција на усните станала толку популарна, што во периодот од 2013 до 2018 година, побарувачката за филери за усни се зголемила за 50 проценти!

Напиши коментар