Astro&Horoscope

Зошто меѓу пријателките ви е потребна една којашто е родена во хороскопскиот знак Бик – Малку тврдоглавa и избувливa, но за своите најблиски би поместилa и планини!

Меѓу сите хороскопски знаци, Бикот има можеби најдобра репутација кога станува збор за пријателства. И тоа не е без причина. Тие едноставно ги сакаат луѓето и уживаат да ги собираат околу нив, а во дружењето се несебични и многу лојални. Тие најверојатно го имаат истиот круг на пријатели уште од детството, и ја надополнуваат оваа „колекција“ по патот на животот. Нивните пријателства траат долго и никогаш не се површни, но ако почувствуваат неискреност или недостаток на идентична лојалност од другата страна, тие ќе го прекинат тоа пријателство без жалење, понекогаш дури и со доза на сурова ладнокрвност. Бикот ќе страда во тишина, но нема да попушти.

Кога станува збор за меѓучовечки односи, тие имаат големи очекувања, како од себе, така и од другите: тие не толерираат површност, лажење и ласкање, а добронамерната критика е подобра од лажната пофалба. Тие не сакаат промени, затоа прекинувањето на нивните пријателства ќе биде тешко за нив, но повеќе сакаат да ги прекинат врските отколку да негуваат површна врска од секаков вид. Тие сакаат да си веруваат едни на други и се исклучително отворени за сопствената интимност, но истото го очекуваат и од другата страна. „Girl bonding“ им е важен дури и во позрела возраст, па затоа никогаш нема да ја запостават пријателката поради партнер. И во љубовта и во пријателството, Бикот е еден од најпосветените и најлојалните хороскопски знаци.

Напиши коментар