Free zone

Зошто на жените секогаш им е постудено?

Иако телесната температура кај двата пола е скоро иста, жените ја перцепираат истата надворешна температура како нешто пониска. Затоа, во нивната куќа обично е постудено отколку кај мажите и тие секогаш би ја кренале температурата за одреден степен. Што мислите, зошто на жените им е постудено отколку на мажите?

Некои истражувања дури утврдиле дека на жените во куќата им одговара температура од 24 Целзиусови степени, што е околу два степени повисока од температурата на која мажите се чувствуваат пријатно. Жените имаат најстудени раце, па почесто страдаат од т.н. Рејнод синдром, кој се карактеризира со ладни или модро-ладни прсти. Сето ова, се разбира, има и научно објаснување – поради женскиот хормон естроген, крвта на жената е подебела и затоа циркулира побавно кон периферните крвни садови, како што се оние на рацете, а особено на прстите.

Овој проблем е најизразен кај жените во репродуктивна возраст, за време на периодот на овулација, затоа што тогаш нивото на естроген во телото е повисоко отколку во другите денови од месецот. Научниците велат дека постои уште една причина зошто мажите и жените различно ја доживуваат истата надворешна температура, а тоа е метаболизмот, кој кај жените е побавен. Зад тоа стои фактот дека мажите имаат поголем процент на мускулна маса, што го забрзува базалниот метаболизам.

Напиши коментар