Општеството и опкружувањето во кое живеете често поставуваат правила што не треба секогаш да ги следите. Ова е тесно поврзано и со љубовните врски. Жените често растат во заблуда дека вистинската љубов е романтична и секогаш има среќен крај. Сепак, реалноста е далеку од тоа…
Секоја личност е посебна на свој начин и има различни потреби, желби и верувања и треба да го заснова својот живот на нив. Ви претставуваме 10 вистински факти за врските, коишто секоја жена треба да ги знае:
- Никој нема да ве „спаси“ – И покрај прекрасните романтични комедии, каде секогаш има убав маж кој е тука да и помогне на дамата во неволја, во реалноста тоа е малку поразлично. Да, некој веројатно ќе ве поддржи во најтешките моменти, но тоа не е ничија обврска. Вие сте одговорни за сопствениот живот и среќа.
- Ниту вие нема никого да „спасите“– Секој во себе ја има онаа особина да се обиде да помогне на некој кој има потреба од помош. И, сигурно мислите дека имате доволно знаење, мудрост и способности за да го решите секој проблем. Сепак, мора да бидете свесни дека единствената личност која може целосно да си помогне е самиот/самата на себе.
- Поддршката и согласувањето со нешто се две сосема различни работи – Често се случува концептите на согласување и поддршката да бидат ставени во ист „кош“. Ако некој не се согласува со вашето мислење, тоа не мора да значи дека лицето не ве поддржува. Напротив, можно е некој да не ги дели истите принципи и да не ги оправдува вашите постапки, а сепак, да ви дава стопроцентна поддршка.
- Не е сè ни во поддршката – Само затоа што партнерот не сака да стори се што барате, не значи дека не ве поддржува. Треба да бидете внимателни и да не ги исполнувате сите негови желби, бидејќи на тој начин ќе се изгубите себеси. Пронајдете начин да се ставите себеси и вашите потреби на прво место. Ќе бидете посреќни, но и многу подобри кон партнерот.
- Верувајте во првиот впечаток – Кога некој ќе ви покаже каков е на почетокот, верувајте му. Често се случува некој што бил добар на почетокот, подоцна да го покаже своето вистинско лице. Тогаш обично негираме дека некој е токму таков и се надеваме дека ќе се смени. Следете го вашиот инстинкт а, ако вашиот прв впечаток е негативен, верувајте му.
- Вистинската љубов бара прифаќање – Секоја личност има свој пат, свој живот. Понекогаш, во потрага по интимна и сериозна врска, ќе најдете личност која можеби во тој момент не ги дели истите желби и потреби. Бидете искрени да го најдете она што навистина ви треба. Прифаќањето и на сопствените и на туѓите желби и потреби ќе овозможи подобра комуникација и поздрава врска.
- Предизвиците и пречките не се знак дека е време да се напушти – Всушност, предизвиците можат да бидат знак дека е време да се направат работите посериозни. Во секоја врска, партнерите стигнуваат до точка кога работите ќе започнат да се комплицираат. Но, тоа не значи дека треба да се откажете од сè. Прифатете ги проблемите и најдете начин заедно да ги решите. Ова уште повеќе ќе ве приближи.
- Среќата започнува од вас – Понекогаш проблемот не е во она што таа друга личност не го прави за вас, туку во она што вие не го давате. Крајниот резултат на секоја врска е само меѓусебно почитување. Потребни се двајца за љубовта да успее. Пронајдете компромис и обидете се да успеете.
- Дали животот се сведува на „вистинскиот“ – Дали животот се сведува на само еден, на „вистинскиот“ или има повеќе луѓе кои ќе влијаат на вашиот живот? Ова е индивидуално патување и секој сам избира што му одговара. Бидете отворени и ќе разберете што е најдобро за вас.
- Нема гаранција за врската – Мажите се како гости во вашиот живот – некои брзо доаѓаат и си одат, додека некои можат да останат неколку години и на крајот да си заминат повторно. Во секој случај, тоа е нешто што не можете да го контролирате. Прифатете дека животот е полн со изненадувања и пресврти и обидете се да најдете рамнотежа во рамките на постојаниот „хаос“