After Midnight

10 карактеристики кои го опишуваат совршениот партнер

Целта на истражувањето, спроведено врз пет илјади жени, од различна возраст, беше да открие кои машки гестови жените најмногу ги ценат. Иако одговорите се многу различни, некои од нив честопати се повторуваа. Карактеристиките на добриот сопруг, кои ги издвоија најголем број жени (71 процент од нив), се доверба и лојалност, додека на второ место се најдоа малите знаци на внимание, односно фактот дека нивниот партнер знае што сакаат и што ги прави среќни.

Со оглед на тоа што списокот на одлики на најдобриот сопруг и партнер е многу долг, ги издвоивме десетте најчести одговори кои, ако ги споиме во една целина, откриваат како треба да изгледа совршениот сопруг.

  • Ви верува.
  • Лојален е и верен ви е.
  • Тој знае што сакате.
  • Ја цени вашата потреба да имате време само за себе.
  • Тој е вашиот најдобар пријател.
  • Ви помага да бидете подобра личност.
  • Секогаш можете да го изнервирате.
  • Се смеете заедно.
  • Можете да почувствувате колку ве сака.
  • Ви помага при домашните работи.

Напиши коментар