Оваа 34-годишната девојка се појави на светската сцена во 2008 година, по објавувањето на нејзиниот деби албум Fame, кој постигна светска мега слава, а Poker Face и Just Dance станаа еден од најпродаваните дигитални хитови на сите времиња. Вториот албум, Fame Monster со сингловите Bad Romance, Alejandro и Telephone, буквално гореше кај публиката и беше одлична увертира на долгата The Monster Ball турнеја, која стана една од концертните турнеи со најголема заработка.
Ова е сè што не знаевте за Лејди Гага:
- Нејзиното вистинско име е Стефани Џоан Анџелина Германота;
- Хитот “Radio Ga Ga” на групата Queen бил инспирација за нејзиното уметничко име;
- Со музика започнала да се занимава кога имала 4 години, нејзината мајка ја терала да седи пред пијано секој ден, по еден час – без разлика дали свири или не;
- Нејзиниот прв настап бил во прво одделение, а костумот го направила сама;
- Таа го има истиот наставник по пеење, Дон Лоренс, од нејзината 11-та година;
- Гага била една од ретките ученици во училиштето која имала работа – работела како келнерка;
- Таа има многу тетоважи, а првата е G-клуч на долниот дел од грбот;
- Нејзината прва симпатија бил актерот Адриен Брод;
- Додека студирала, некој создал група на Фејсбук наречена „Стефани Германота, никогаш нема да бидеш славна“;
- Стана русокоса, откако британски репортер ја замени со Ејми Вајнхаус;
Нејзиниот хит „Теlephone“ првично бил напишан за Бритни Спирс; - Нејзината помлада сестра Натали глуми во спотот за „Тelephone“;