Free zone

12 браќа и сестри поставија нов Гинисов рекорд

Дванаесет браќа и сестри од Пакистан поставија нов Гинисов рекорд во збир на годините на членовите на семејството, објавено е на официјалната веб-страница на Гинисовата книга на рекорди.

Вкупниот збир на нивните години е 1042 години и 315 дена.

Дванаесет браќа и сестри од семејството Декрус се родени од мајката Сесилија и таткото Мајкл во Пакистан, а денес тие живеат низ целиот свет – во Швајцарија, Канада и САД, а нивната возраст се движи од 75 до 97 години.

Првото бебе родено во семејството е Дорин на 3 септември 1923 година, а потоа следат Патрик (30 септември 1925), Жeеневив (4 јули 1927), Џојс (2 март 1929), Рони (24 август 1930), Берил (26.08.1932), eо (1.06.1934), Франческа (17.09.1936), Алтеа (27.07.1938), Тереза ​​(9.06.1940), Розмари (30 март 1943 година) и на крај Евгенија (24 октомври 1945 година).

Тие пораснале во Пакистан, а најстариот брат Патрик се преселил во Канада поради работа, сакајќи да се пресели и остатокот од семејството.

Нивниот татко починал кога најмладата ќерка имала само година и пол, а како што изјавија за Гинисовата книга на рекорди, неговата загуба ги зближила уште повеќе.

Напиши коментар