After Midnight

12 најлоши љубовни совети кои ќе ги слушнете од пријателите или роднините

Понекогаш луѓето навистина си даваат премногу слобода. Толку често, без воздржаност, тие кажуваат што е најдоброто нешто кое треба да се направи. Пријатели, познаници, роднини, па дури и колеги од работа, кои не знаат да си ги врзат врвките на патиките, понекогаш чувствуваат силна потреба да ви „објаснат некои работи“.

  • Детето ќе ја поправи вашата врска.
  • „Издувај се“ на моминската вечер. Тоа е последната шанса да спиеш со некој друг.
  • Не се смета за неверство ако го сториш тоа во друга земја.
  • Со големи гестови ќе се искупиш за кавгите Купи прстен, автомобил, запроси ја… што и да е.
  • Не можете да се разведете затоа што, ако нешто и се случи, ти ќе бидеш виновен (се однесува на закани дека ќе се самоубие ако ја остават итн.)
  • На моите поплаки дека момчето ме изневери, еден пријател ми рече: „Тоа е само секс. Порасни веќе!“
  • Мајка ми ми рече дека ќе биде подобро да останам со мојот сопруг, бидејќи имаме деца. Без оглед на тоа што ме изневери неколку пати.
  • Најдобар начин да се надмине раскинувањето е веднаш да пронајдеш некој друг.
  • Баба ми од Италија ме советуваше дека кога ќе пораснам треба да заработам доволно пари за да ги издржувам сопругата и љубовницата.
  • Мора да спиеш во животот со што повеќе невини жени.
  • Се пожалив на лекар дека сум вознемирена. Ме праша дали сум во врска и дали имаме деца. „Правете бебиња, тоа ќе ве направи посреќни. “Што да кажам? Го сменив лекарот.
  • Никогаш не прави компромис со жени. Никогаш! Тие не се еднакви на нас и никогаш нема да бидат.

Напиши коментар