Чарли и Дикси Д’Амелио се последните во низата познати личности кои решија да заминат на одмор среде пандемија.
Според американските медиуми, популарните девојки од ТикТок отпатувале на Бахамите, а им се придружувале и некои други ТикТокери, вклучувајќи ги Ноа Бек, Чејс Хадсон, Авани Грег и Брајант.
Иако Чарли и Дикси не објавија фотографии од патувањето, популарниот (и многу валкан) налог на Инстаграм, TikTok Room, ги заокружи на групните фотографии – а луѓето беа бесни.
Коментарите под објавата се уште полоши.
„Што не е во ред со нив, не можат ли да останат во карантин“, гласи еден. „Поради вакви луѓе, бројот на случаи расте“, гласи друг.
„Останете дома како и сите други, зошто мислите дека имате право да излегувате само затоа што сте влијателни“, гласи друг и мора да признаеме дека се согласуваме.
Не ги поштедија ниту на Твитер..