Free zone

Заборавете на досадните дезени – Во мода се хулахопки со големи шари, логоа од познати брендови и многу светки!

Прашајте која било жена и ќе ви го каже истото – добрата хулахопка може да го разубави целокупниот изглед до чиста десетка!

И навистина, ако размислиме малку подобро – нè носи таму каде што треба, ги покрива недостатоците, плус – загрева! Па, каде ќе најдете подобро?

Сепак, во последниве години, едноставните модели претежно беа модерни – без дезени, евентуално мрежести.

Сепак, оваа зима, тоа се промени.

Повеќе од кога било досега, хулахопките се носат со разни дезени – точки, sвезди, со логоа на големите модни куќи, а меѓу најпопуларните се и моделите во бела и сива боја.

Социјалните мрежи се преплавени со фотографии и на инфлуенсери и на модни експерти во хулахопки кои до пред еден месец не можеа да ги погледнат.

Особено модерни се моделите Шанел и Гучи. Без нив, скоро како да сте преспале се што е модерно оваа 2021 година.

Со рамни војнички чизми или чевли со високи потпетици, oversized дуксери или модерни, минималистички комбинации, па сè до бициклистички – се чини дека дамите се многу креативни оваа година.

Се чини дека различни дезени и оние највпечатливите се враќаат на големата врата, па големите модни куќи како Шанел и Гучи, почнаа да прават се повеќе различни модели, а нивните хулахопки со заштитните знаци и логоа, се едни од најпопуларните, особено кај инфлуенсерките.

Напиши коментар