Celebrity

Кој работел како портир во лудница, а кој сакал да биде гробар? Пред да станат познати, светските ѕвезди се занимавале со најразлични професии!

Иако денес се главна тема на светските медиуми, многу славни личности имале разни занимања, пред да го пробаат сјајот на гламурот и црвениот тепих, а сега би сакале да заборават на нив.

Род Стјуарт започнал да свири гитара многу рано – на 14-годишна возраст. Но, сè додека не започнал да заработува пари од музика, поправал тараби, работел како колпортер и како гробар на гробиштата Хајгејт во Лондон. Тој бил уапсен во Барселона и депортиран од Шпанија, кадешто се обидел да свири и да пее на улица.

  • „Во тоа време единствена желба ми беше да ја задржам работата шест месеци и со тоа да заштедам 300 фунти за да купам „остина“, во која ќе возам девојки“ – изјавил своевремено славниот музичар.

Бој Џорџ, поранешен пејач, а денес многу успешен диџеј, работел на редење производи во ланецот супермаркети „Теско“. Тој бил отпуштен поради многу бизарна причина: носел чанти со логото на оваа компанија како моден детал, а раководството на супермаркетот не се согласило дека славата на оваа компанија ја „носи“ екстремно исфеминизираниот Бој Џорџ!

Кармен Електра работела како танчерка во забавниот парк Кингс Ајленд во Охајо. Многу брзо, таа имала можност да ја промени својата судбина, кога пејачот Принс ја ангажираше да пее во женска рап група.

Мик Џегер ја започнал својата кариера на многу чудно место, како портир во психијатриска болница. Подоцна, тој потврди дека ја изгубил невиноста на таа работа, но не со пациент, туку со медицинската сестра, во оставата. Рокерот продавал сладолед во паркот за време на летните одмори.

Анџелина Џоли често тврдеше дека сакала да работи како организатор на погреби. Сепак, благодарение на нејзиниот татко, актерот Џон Војт, таа не беше предодредена за тоа. Започнала да глуми од многу рана возраст, појавувајќи се во видеа на Лени Кравиц, „The Rolling Stones“ и Мит Луф.

Напиши коментар