Постојат голем број причини поради кои многу луѓе се борат со стрес и вознемиреност во последно време, а една од нив е фактот дека работат од дома и дека им е тешко да го разграничат работното време од остатокот од денот.
Запишете ги плановите за следниот ден
Можеби ви се случува да се грижите за тоа како ќе ги постигнете сите обврски што ве чекаат следниот ден и таа вознемиреност да ве изеде. Еден начин да ја победите е да бидете добро организирани, односно да запишете на парче хартија или во телефонот што е она што треба да го завршите.
Со оваа листа ќе бидете поподготвени и нема да ја поминете вечерта нервозно потсетувајќи се на сè што ве чека.
Згответе вечера
Да, тоа е нешто што ве прави уште поуморни, но ќе ве ангажира во секоја смисла и ќе го окупира вашиот мозок, така што повеќе нема да размислувате за мејловите. Исто така, мирисот на свежа храна за време на готвењето е нешто што секогаш радува и релаксира. Можете, исто така да ги испланирате оброците за следниот ден и да заштедите време.
Прошетајте
Вежбање после долго седење се препорачува, но ако не сте за некои сериозни вежби, вашите тело и ум ќе ви бидат благодарни ако барем отидете на прошетка.
Занимавајте се со вашето хоби
Препораката, што веројатно сте ја слушнале повеќе пати претходната година, воопшто не треба да се игнорира. Зафаќањето на рацете со некоја практична работа дефинитивно ќе ви донесе нова димензија после напорната работа, без разлика дали станува збор за некаков вид цртање или сликање, плетење, правење оригами или составување сложувалка.
Можете дополнително да го окупирате вашиот мозок со решавање на енигматски задачи, особено судоку, или гледање некој забавен квиз.
Сменете ја облеката
Сите веќе ја научивме лекцијата дека останувањето во пижами цел ден не е добар потег кога станува збор за одвојување на работата од слободното време. Можеби нема да облечете костум, но неопходна е некаква промена.
Истото важи и за вечерните часови, бидејќи со промена на облеката си сигнализирате себе си дека работата е завршена и дека сега е време за некои забавни активности и релаксација.