After Midnight

Мажите открија – Овие неколку нешта најмногу ги привлекуваат кај жените

Кога станува збор за привлечноста на спротивниот пол, тука сите кладби паѓаат во вода. Рационалните објаснувања престануваат да бидат валидни и работата станува комплицирана.

Всушност, едно е сигурно, а тоа е дека привлечноста е главно поврзана со хемијата што се создава помеѓу мажот и жената. И колку и да се разликуваат вкусовите, сепак постојат некои заеднички точки. Без разлика дали станува збор за нејзиниот секси глас или станува збор за пофатални дами со облини, ќе ви откриеме подолу.

Откриваме што е кај жените што ги привлекува мажите како магнет.

Гласот и начинот на кој зборуваат
Мажите генерално преферираат помеки гласови, како оној што го имала познатата Мерилин Монро, чиј глас се смета за совршен, затоа што излачува женственост, младост, привлечност. Мажите не сакаат пискави гласови, ниту онакви кои се премногу длабоки и груби.

Друга студија, исто така покажа дека мажите претпочитаат начин на зборување сличен на нивниот, во смисла на изговор и интонација. Откриваат и колку сакаат кога жената ги слуша додека зборуваат, кога ги следи во речениците и кога дава значајни одговори.

Признаваат дека не можат да поднесат кавги, затоа што тогаш целата атрактивност е изгубена и негативните емоции излегуваат на површина.

Висина
Мажите генерално сакаат нивните партнерки да бидат малку пониски од нив. Сепак, многу високите мажи обично избираат значително пониски партнерки, додека пониските мажи обично избираат жени со слична висина, а некои се и импресионирани што нивната партнерка е повисока од нив.

Видовме многу примери каде висината не игра никаква улога, и веруваме дека љубовта понекогаш може да биде слепа! Сепак, некои фактори се клучни, а мажите велат дека првиот впечаток што го остава жената е многу важен.

Години
Често гледаме парови во кои мажите се постари од жените. Секако, постојат и успешни примери каде жените се оние кои се постари во врската. Научниците докажаа дека мажите пред дваесеттите и по триесеттите години претпочитаат жени на возраст од 24 до 26 години!

Боја на очите
Норвешките научници се откриле дека мажите со сини очи претпочитаат жени со сини очи. Од друга страна, мажите со зелени или кафени очи не сакаат девојки со сини очи.

Шминка
Студија од 2014 година тврди дека мажите претпочитаат дами кои изгледаат природно. Најинтересен факт е дека жените секогаш мислат дека мажите сакаат силна шминка и затоа ја ставаат.

Машкиот дел од популацијата признава дека не толерира долги, вештачки нокти, тен добиен во солариум или вештачки трепки. Тие се трудат да ја видат вистинската убавина кај една девојка, што денес станува многу тешко.

Природната убавина е секогаш попривлечна! А, стручњаците за шминка велат дека помалку е повеќе, и дека не треба да ги криеме несовршеностите, туку да го потенцираме она што е најубаво кај нас.

Облини
Работите се менуваат кога станува збор за облините. Тука сè е прилично јасно. Мажите едноставно обожаваат жени со изразени облини. Без разлика дали станува збор за бујни гради или задник, облините се многу силен магнет за мажите!

Боја на коса
Научниците од Франција спроведоа студија во која испитуваа кои жени добиваат повеќе покани за танц во ноќните клубови – русокоси, бринети или црвенокоси.

Во крајна линија е дека мажите најчесто ги покануваат русокосите. На второ место се бринетите, а на трето црвенокосите, кои се чини дека се најмалку привлечни за мажите. Кога станува збор за сериозни врски, истражувањата покажуваат дека мажите би избрале бринета, затоа што таа зрачи со умереност и стил.

Секако, жените ќе продолжат да експериментираат со различни бои и трикот е во тоа вие да се чувствувате пожелно и убаво, а токму со ваква вибрација, ќе можете да го привлечете мажот кој ви се допаднал!

Напиши коментар