Free zone

Огромно семејство: Еве како живее жената која има 8 деца

Заспивањето на децата е борба за повеќето родители, но кога имате осум деца – вклучувајќи близнаци и тројки – работите можат да бидат малку хаотични.

Клои Данстан, 27-годишна мајка од Перт во Австралија, која има дури осум деца, сподели со јавноста како изгледа нејзината бурна вечерна рутина.

Имено, до својата 22-та година, Клои имала веќе три деца, по што таа и нејзиниот сопруг Рохан добиле тројки, а минатата година им се придружиле и близнаци!

Зафатените родители брзо научиле да се прилагодат на бурниот начин на живот, што значело дека мора да бидат неверојатно организирани.

Оваа млада мајка, која ги зачнала сите деца природно, редовно известува за деталите од нивниот живот на нејзиниот YouTube канал. Така, во едно видео, таа откри дека нивните подготовки за спиење започнуваат веќе во 16:30 часот, кога таа подготвува вечера за целото семејство.

Во тоа време, постарите деца често помагаат да се среди игротеката, додека помладите имаат можност кратко да дремат. По вечерата, нешто пред 20 часот, децата се капат и мијат заби, така што сите се подготвени да спијат.

Кога ќе легнат, следи читање на приказна. Откако стана мајка, Клои собрала повеќе од илјада книги кои се уредно распоредени на полиците.

Напиши коментар