Free zone

2021 година ќе биде во знакот на црно-белата комбинација: Маникир кој сите ќе го обожаваме!

Постојат работи кои никогаш не излегуваат од мода .

Малиот црн фустан секогаш ќе биде симбол на елеганција, како и црвениот кармин и класичните салонки, а црно-белата е исто така една од неизбежните безвременски комбинации.

Оваа година, овој тренд се сели на ноктите, а модните експерти велат дека тоа ќе биде „must have“ за 2021 година.

Како и секогаш, можни се варијации на темата, а можете и дополнително да го декорирате класичниот двобоен маникир со златни елементи, светки или кристали.

Сите видови на француски маникир ќе продолжат да бидат популарни, а ваквите варијанти се особено благодарни ако вашата работа не дозволува поекстремен дизајн на ноктите.

Секогаш можете да истакнете еден нокт со контраст. Во овој случај, дамата се одлучила за форма на срце, но може да биде која било друга форма.

Мермер, односно мермерните нокти ќе продолжат да бидат во тренд…

Пепито дизајните исто така се враќаат на големата врата, па можете да користите вакво нешто како инспирација за маникир.

Туфните се исто така неизбежни, и за вакво нешто, не мора да одите кај професионалец, туку лесно можете да го направите тоа и сами.

Посмелите дами можат да изберат некои од животинските принтови како инспирација. Едно е сигурно – сите ќе ве забележат!

Погледнете уште неколку слични примери:

Напиши коментар