Astro&Horoscope

3 НАЈПАМЕТНИ знаци во зодијакот

Припадниците на овие хороскопски знаци поминуваат одлично на тестовите за интелигенција. Тие се многу бистри и се карактеризираат со брзо размислување. Бидете сигурни дека сте меѓу нив!

Се разбира, хороскопот не мора да ја одредува интелигенцијата на една личност, бројни тестови за интелигенција можат да обезбедат увид во некоја општа интелигенција со оглед на просечната оценка за секој знак.

Интелигенцијата е ментална карактеристика која се однесува на способноста за учење и прилагодување на нови ситуации, разбирање и користење на апстрактни концепти, како и претходни знаења во ново опкружување.

Емоционалната интелигенција често е поодговорна за нечиј успех во животот отколку самиот коефициент измерен на тестови, но имајќи ја предвид измерената интелигенција, ова се трите најинтелигентни знаци:

Водолија

Припадниците на овој знак се исклучително интелигентни, што објаснува и зашто голем број славни генијалци се меѓу нив. Имаат одлични резултати на тестовите за интелигенција, имаат талент за поинаков и оригинален пристап кон проблемите, како и голема можност за концентрација. Колку се поинтелигентни, толку се склони кон емоционална нестабилност.

Близнаци

Припадниците на овој знак се бистроумни, а ги карактеризира брзина на размислување, како и јасност со која доаѓаат до решавање на проблемите без прекумерни проблеми. Тие имаат голема способност да учат и да совладаат нови работи, но им носи корист само доколку се во можност да се посветат на нешто.

Јарец

Припадниците на овој знак имаат т.н. практична интелигенција што ги тера постојано да се надминуваат себесе и да се стремат кон повеќе вклучително и во знаењето. Тие имаат завидна меморија која им овозможува да ги запомнат дури и најбаналните работи што секогаш ги користат, а стекнатото знаење го применуваат многу добро, па никогаш не забораваат на она што некогаш го совладале.

Напиши коментар