After Midnight

3 причини зошто првиот состанок станува последен

Што го тера момчето да отиде на прв состанок со девојка, а потоа повеќе да не сака да ја виде ? Постојат неколку причини за ова, а овие се трите клучни.

Му се допаднавте во еден момент
Во моментот кога ве покани, помисли дека долгорочно би ве сакал, но првиот ентузијазам многу често знае да биде измамен. Секој има право да се предомисли и ова е една од причините зошто повеќе нема да се видите.

Постои само физичка привлечност
Што не е во ред со тоа, прашувате? За мажите, физичката привлечност е доволна, но ако тие бараат нешто повеќе, мора да се случи некоја магија. Не лутете се на момче кое не сака да оди на друг состанок со вас, затоа што го привлекувате само физички – и тоа е подобро отколку да ве користи и да ве го губи времето.

Беше премногу едноставно
Мажите се ловци и ако ги добијат работите на едноставен начин, тие знаат да изгубат интерес. Не станува збор за секој маж, но секогаш постои можност тој да не ве поканил на друг состанок затоа што првиот пат бил премногу едноставен.

Напиши коментар