Free zone

4 раси на кучиња идеални за луѓе кои страдаат од алергии

Ако сакате куче и имате алергија, важно е да знаете кои раси не предизвикуваат алергиски реакции. Главниот алерген кај кучињата не е крзното. Реакцијата е предизвикана од протеин кој се наоѓа во крвта на кучето (серум), кој кучињата го лачат преку пот и го исфрлаат преку кожата. Може да се најде во плунката и урината.

Секое куче го има овој протеин, но некои го лачат во помали количини.

Ова се четири раси на кучиња погодни за страдалници од алергија.

Пудли

Пудлите се на прво место меѓу хипоалергичните раси и се сметаат за една од најинтелигентните. Пудлицата е крајно дружељубива, крзното не и паѓа, таа е идеална за дома.

Оваа раса има три големини: стандардна, мини и ,,играчка”. Која е идеалната големина за вас ќе знаете кога ќе ги одредите вашите животни навики и ќе ги поврзете со потребите на кучето.

Имајте на ум дека пудлите се меѓу расите на кучиња кои треба да се чешлаат еднаш неделно и да се капат еднаш месечно.

Ших Цу

Уште едно многу интелигентно куче кое може да научи сè. Има долго крзно, кое мимимално опаѓа. Од друга страна, тоа бара многу внимание околу крзното и секојдневно четкање.

Ших Цу е верено, приврзано и разиграно, но понекогаш и тврдоглаво милениче. Тренинг на оваа раса е неопходна од најраната возраст.

Јоркшир Териер

Јорки е многу лојална, храбра и сигурна раса која љубопитноста може да ја доведе во неволја ако не се внимава на неа .

Кога лаат, тие ја обележуваат својата територија, но со соодветен тренинг од рана возраст, и оваа навика може да се стави под контрола.

Крзното минимално им паѓа, но сепак се препорачува чешлање или четкање на днавно ниво.

Малтезер

На прв поглед, јасно е дека ова куче е многу нежно и смешно. Тоа е чувствително, возвраќа со љубов и сака да се гали. Максималната тежина е само 4 килограми.

Малтезецот е исклучително жив и разигран, тој се одгледува за општеството, а нивото на енергија не му се намалува со текот на годините. Тие треба да бидат навикнати на мали деца на рана возраст. Одлично е за живеење во град и претпочита затворени места.

Иако е потребна секојдневна нега и четкање, крзното на овие животни не паѓа многу.

Напиши коментар