Free zone

5 најголеми грешки при користење сенка за очи

Сенката за очи е една од наједноставните делови на шминката – само ја нанесувате на очните капаци и готово. Сепак, со толку многу различни пигменти и бои, се случува да направиме некои грешки. Еве ги најчестите и како да се избегнат.

Совпаѓање на сенката со бојата на очите

Непишано правило е дека бојата на очите најдобро се совпаѓа со на спротивните бои на сенката за очи, така очите повеќе ќе дојдат до израз. На пример, зелените очи изгледаат одлично со нијанса на бургунд, бидејќи зелената и црвената боја се комплементарни бои. Ако сакате да пробате сенка која е слична на бојата на вашите очи, најдобро е да користите пригушени нијанси на дадената боја.

Мешање на бои

Мешање на различни бои – една или две на очните капаци и една под коската на веѓите – создава совршен финиш. Меѓутоа, ако има остра линија помеѓу боите, ќе изгледа како да сте ги „фрлиле“ со брзина, а крајниот резултат нема да биде воопшто привлечен. За да го избегнете ова, користете четка за мешање на боите.

Премногу боја под очите

Внимавајте. Нанесете ја сенката само на долната линија на трепките, во спротивно вашите очи ќе изгледаат уморно.

Нанесување сенка по коректор


Секогаш нанесувајте ја сенката пред да нанесете коректор. Ако не го сторите тоа, постои опасност дека сенката ќе ги премине линиите на кои сте сакале да ја примените и ќе морате да сторите сè повторно.

Ајлајнер и маскара


Сенката за очи не е семоќна; на очите им треба и одреден контраст. Темната маскара и ајлајнер ја обликуваат формата (создаваат контури) додека сенката „осветлува“ и ги отвора очите.

Напиши коментар