Free zone

5 најздрави градови за живеење

Веб-страницата money.co.uk спроведе истражување на тема најздравите животни средини на планетата, односно најздравите градови.

Истражувањето беше спроведено на глобално ниво и ги зеде предвид сите фактори кои можат да влијаат на квалитетот на животот на луѓето, од пандемијата на коронавируси до други фактори од секојдневието, како што се дебелината, очекуваниот животен век, трошоците на животот, загадувањето или безбедноста, наведува TU Magazine.

Најздрав град е Валенсија, која се карактеризира со мало загадување на животната средина, медитерански начин на живот и исхрана, како и исклучително поволна географска положба, а еве како изгледа списокот на првите пет најздрави градови.

  1. Валенсија, Шпанија
  2. Мадрид, Шпанија
  3. Лисабон, Португалија
  4. Виена, Австрија
  5. Канбера, Австралија

Напиши коментар