Free zone

5 совршени фризури за жени со тенка коса кои се одржуваат брзо и лесно!

Жените кои немаат густа коса се убедени дека многу долгата коса не е најдобриот избор за нив. Средната должина е за многу жени е и најомилена. Аргументите во прилог на ова се следниве: едноставна е за одржување, доволно е кратка за нејзиното обликување да не бара многу време, а во исто време е доволно долга за да се собере во опавче или пунџа.

Ви претставуваме 5 фризури кои ќе и дадат волумен на косата и здрав изглед:

1. Романтично брановидна

Можете лесно да ја обликувате дури и со витлери дома.

2. Права до рамената

Правата исечена коса до рамената остава впечаток на здрава, густа коса. Можете малку да ја разбушавите, можете да ја исправите или извртите. Секое решение изгледа фантастично.

3. Невидливи слоеви

Тоа е благо степенасто потстрижена фризура до рамената. Лесно се одржува и ѝ дава голем волумен на тенката коса.

4. Шишки

Шишките и косата со средна должина се најдобри пријатели! Без разлика дали ќе се одлучите за класични кратки рамни шишки или моментално популарните шишки како ,,завеси”, нема да погрешите.

5. Право исфенирана

Некои ќе речат дека е здодевна, а други дека е класика што не излегува од мода. Ако сакате права исфенирана коса до рамената, малку завиткана на краевите – знајте дека нема да погрешите ако ја исечете косата вака.

Напиши коментар