After Midnight

50 прашања кои може да ги поставите на првиот состанок

Да не лажеме, првите состаноци можат да бидат чудни и незгодни.

Едноставно кога ќе запознаете некого, се случува да не знаете точно за што да разговарате со него/неа.

Покрај тоа, би сакале да поставите прашања што ќе ви овозможат што подобро да се запознаете, но на самиот состанок, мозокот како да застанува и немате идеја како да го продолжите разговорот.

Така, составивме список од 50 прашања што може да ги поставите на вашиот прв состанок.

Овие прашања ненаметливо ќе откријат сè што би сакале да знаете за вашата симпатија. Од поставување прашања, можете да направите игра со наизменично одговарање.

Еве 50 прашања што ќе ја направат вашата прва средба со потенцијален партнер забавна.

1. Што сакате да правите во слободно време?

2. Дали повеќе сакате да поминувате повеќе време надвор или внатре?

3. Дали во моментов читате книга? Дали би ја препорачале?

4. Што би сакале да научите и во што би сакале да станете подобри?

5. Со што сте горди?

6. Дали сакате животни? Имате домашно милениче?

Афирмативниот одговор на прашањето дали има или имал/а домашно милениче за кое сам/а се грижи, вели дека оваа личност е научена на одговорност, бидејќи ги извршува сите работи што вклучуваат имање на едно домашно милениче.

Љубовта кон животните исто така покажува дека вашата симпарија подготвена да се посвети некому. Сите овие се одлични знаци за започнување на здрава врска.

7. Каде се си патувал/а?

8. Кое е вашето омилено место во светот?

9. Со што би се занимавал/а ако имаш доволно пари и не треба да работиш?

10. Која серија ја гледаш одново и одново?

11. Кое е најдоброто нешто што ти се случило овој месец?

Едно од најдобрите прашања што ви кажува како го поминува своето секојдневие и каков е неговиот/ нејзиниот поглед на светот.

Се разбира, сите имаме авантури и неочекувани настани и интересни приказни, но ваквиот вид на прашање има за цел да покаже благодарност за она што го имаме и да ги цениме ситниците.

Прашањата за симпатијата треба да се формираат така што ќе се види каков е неговиот став кон животот.

12. Како изгледа твоето совршено утро?

13. Која е омилената апликација на твојот телефон?

14. Кои домашни работи сакаш да ги правиш најмалку?

15. Кои се погрешните претпоставки што луѓето ги прават за тебе?

16. Кој е најдобриот период од твојот живот досега?

17. Што мислиш дека е доволно вредно за да потрошиш повеќе пари на тоа?

18. Кое беше последното нешто што го направи за прв пат?

Намерата на сите овие прашања е да ја запознаете подобро личноста на која до овој момент, само оддалеку сте и се восхитувале.

Секако, не мора да поставувате ниту едно од овие прашања само на првиот состанок, можете да ги поставите во која било фаза од врската ако не ги знаете одговорите на овие прашања и ако сакате да се запознаете уште подобро.

19. Што ти се допаѓа кај твојот омилен музичар?

20. Како се сретна со твојот најдобар пријател?

21. Која навидум неважна одлука имаше големо влијание врз тебе ?

22. Каде би сакал/а да живееш ако можеш да избереш некое место во светот?

23. Дали би сакал/а да бидеш славен/на? Ако е така, со што би се занимавал/а?

Личните амбиции се исклучително важни за многумина во врската. Ова не значи дека некој мора да стане славен во смисла на суперерѕвезда, туку да се биде многу добар во тоа што се работи.

24. Ако живееше сто години, дали сакаш да го задржиш умот или телото на триесетгодишник?

Одговорот на ова прашање може да ве охрабри да се обидете да ја мотивирате да започне всушност да го прави она што го сака, затоа што често, она што навистина го сакаме не е на врвот на приоритетите.

25. Пред да повикате некого на телефон, дали го повторувате она што ќе го кажете?

26. За што сте најмногу благодарни?

27. Според вас, што е најважно во пријателството?

28. Кога последен пат сте пееле во јавност?

29. Кога ја оставате скромноста настрана, во што мислите дека сте подобри од 90% од луѓето? Не мора да биде ништо сериозно.

Сите сме подобри во нешто од повеќето луѓе и тоа е нешто со што можете да се гордеете, без разлика дали станува збор за неупотреблив талент или вештина која е високо ценета.

30. Кој е вашиот омилен лик од серија, филм или книга?

31. Ако можете да патувате низ времето, во кое време би оделе и со кого би сакале да разговарате?

32. Што е она што си направил, а повеќето луѓе го немаат направено?

33. Кој е најлошиот филм што некогаш сте го виделе?

34. Каде поминувате најмногу време кога ги исклучуваме работата и куќата?

35. Која е најбизарната личност што сте ја сретнале?

36. Што би направиле со дополнителното време ако никогаш не мораше да спиеш?

Овој вид на прашање се поставуваат кога сакате да видите како  вашата симпатија сака да го поминува времето или на што би посветила повеќе време.

Многу луѓе имаат куп неисполнети идеи и проекти поради неможноста целосно да им се посветат на нив поради различните животни околности.

37. Кога бевте мали, што мислевте дека ќе станете кога ќе пораснете?

38. Кои ситници ви го разубавуваат денот?

39. Кој е најдобриот начин да запознаете личност?

40. Кој, освен вашите родители, најмногу влијаеше на вашиот живот?

41. Колку поинаку се однесувате кон странците во споредба со луѓето што ги познавате долго време и со кои сте блиски?

42. Која е најдобрата и најлошата работа што сте ја завршиле?

Со овие прашања, вие всушност сакате да научите што е можно повеќе за неговото минато и насоката на неговите амбиции и цели во животот.

Исто така, тој зборува многу за него и за она што го смета за најлоша и најдобра работа, односно кои се неговите критериуми и соодветни услови кога станува збор за работата.

43. Кој е твојот омилен цитат или изрека?

44. Кои се вашите прекари? Кој е вашиот омилен прекар?

45. Кој е вашиот најлош состанок на кој сте биле досега?

46. ​​За што може да зборувате нон стоп цел ден без да се уморите и досадувате?

47. Кога одите на пат, дали планирате и организирате сè однапред или сте спонтани?

48. Каков љубовен совет би си дал/а себе си ако можеш да се вратиш во минатото и да разговараш со себе?

49. Што најмногу сакаш кај твојот пријател?

50. За која пропуштена можност во животот најмногу жалиш?

Сите овие прашања што ги избравме, сигурно ќе ја продлабочат врската со симпатијата која штотуку ја запознавате.

Преку овие прашања, ќе оставите впечаток дека навистина ја цените средбата со неа, односно дека сте навистина заинтересирани за него/неа, што секако ќе биде плус за вас.

И секако…не мора да ги поставувате прашањата по истиот овој редослед. Тие се само идеја на која ќе се повикате кога ќе ви ,,згусне.

Најважно е да бидете опуштени, да уживате во средбата и да оставите разговорот да тече сосема спонтано..зошто првиот состанок е само почеток на вашата приказна …

Напиши коментар