After Midnight

8 вистини и митови за врската: Дали се спротивностите се привлекуваат и дали треба да се живее со партнерот пред брак?

Верувањето дека спротивностите привлекуваат, кога зборуваме за емотивни врски, според најновото истражување, „паѓа во вода“.

Една од најголемите заблуди во која паѓаат партнерите во врската е дека ќе можат да се менуваат едни со други.

Некои вкоренети мислења кои важат во односите и во кои сме убедени, всушност се заблуди и митови, тврдат психолозите.

Мит: Спротивностите привлекуваат
Студија спроведена од психолози на Универзитетот во Гронинген во Холандија, покажа дека верувањето дека спротивностите привлекуваат е всушност мит. Скоро и да нема долгорочни врски во кои партнерите имаат сосема различни карактеристики.

За долгорочна врска, потребно е да се има слични појдовни точки и ставови за светот, а спротивностите можат да бидат интересни и привлечни само на краток рок – рече психологот Вејн Андерсон.

Мит: Можам да го променам партнерот
Една од најчестите грешки во врската е идејата дека можете да го промените партнерот. Секој таков обид може да резултира со распаѓање на врската. Никој никогаш не може да се смени ако другите не сакаат.

Ако партнерот одлучи да работи на неговиот карактер, тоа е исклучиво негов избор, а не ваш – истакна експертот за врска Андреа Сиртаќ.

Вистина: Изборот на маж е под влијание на женските хормони
Жените, во зависност од тоа во која хормонална фаза се наоѓаат, ги привлекуваат различни мажи. За време на овулацијата, тие избираат физички привлечни и помалку сигурни типови, додека пред овулацијата, повеќе ги интересираат сигурни и стабилни мажи.

Припадничките на поубавиот пол при овулацијата ги привлекуваат типови мажи кои имаат поголемо ниво на тестостерон и со кои инстинктивно се препознаваат, за да можат да го продолжат видот.

Мит: Пред брак треба да живеете заедно
Денес, повеќе од 80 проценти од паровите живеат заедно пред брак, откри ново истражување. Експертите тврдат дека заедничкиот живот го зголемува ризикот од раскинување. Скоро една петтина од паровите кои живееле заедно ја прекинале врската пред да стигнат до матичарот.

Сепак, дали ќе има развод меѓу оние кои се венчале по долг заеднички живот, зависи од карактерот на партнерите и нивните убедувања.

Партнерите кои не живеат заедно пред бракот се порелигиозни и го сфаќаат бракот посериозно, па затоа е помала веројатноста да бараат развод – објаснува психологот д-р Томас Бредбери од Универзитетот во Калифорнија.

Вистина: Феромоните влијаат на привлечноста
Феромоните се хемиски секрети во потта кои можат да предизвикаат привлечност кај спротивниот пол. Така, жените кај мажите исто така ги привлекува нивната пот, односно дериватот на тестостерон, андростендион.

Тој дериват ги возбудува жените и ги прави посреќни, а ефектот трае неколку часа, покажа американското истражување.

Покрај потта, природниот мирис во комбинација со парфем кој содржи феромони може да ја зголеми привлечноста на некој, но само ако одговара на неговиот уникатен генотип, открива германско истражување.

Ако мирисот е премногу силен, тој одбива, што е една форма на одбранбен механизам.

Мит: Мажите се плашат од успешни жени
Иако успешните жени може да изгледаат малку застрашувачки за нив, мажите првенствено сакаат интелигентни и сигурни партнери.

На нив гледаат како на еднаков партнер кој ќе им помогне што полесно да се справат со проблемите. Покрај тоа, моќта е секако добар афродизијак, додава психологот.

Мит: Со физичка блискост треба да почекате
Непишаното правило е дека треба да почекате до третиот состанок со физичка блискост. Ова во никој случај не треба да се сфаќа буквално, препорачуваат експертите.

Најважно е добро да го запознаете вашиот партнер пред да стапите во интимни врски. Ако се чувствувате подготвени за физичка блискост дури и пред третиот состанок, тоа е во ред. Секоја врска е единствена, најважно е да се слушате себеси, велат психолозите.

И вистина и мит: Бракот ја убива интимноста
Експертите се поделени во врска со ова тврдење. Истражувањата покажаа дека брачните парови имаат подобри интимни односи отколку оние кои не размениле брачни завети.

Многу брачни парови се жалат дека возбудата исчезнала, а голем број од нив признале дека добриот сон им е подраг од физичката интимност.

Напиши коментар