After Midnight

8 ЗНАЦИ ДЕКА ИМА МАГНЕТСКА ПРИВЛЕЧНОСТ МЕЃУ ВАС : Овие сигнали откриваат моќна ЕНЕРГИЈА помеѓу две лица!

Дали некогаш сте почувствувале магнетна привлечност со некоја личност? Тоа е моментот кога сакате повеќе да ја запознаете таа личност и да ги откриете неговите чувства, а причина за тоа е моќниот енергетски баланс.

Магнетната привлечност е нешто што го чувствувате и доживувате кога сте во близина на некоја личност, а интуицијата ви шепоти дека е присутна. Понекогаш не можете да избегате од тие чувства, едноставно се повеќе им се препуштате на нив.

Следните знаци покажуваат дека ве привлекува некој како магнет:

  1. Постои силна привлечност помеѓу вас на потсвесно ниво.
  2. Имате слична енергија и луѓето во околината ви кажуваат дека сте создадени едни за други.
  3. Воспоставете контакт со очите – тие се прозорци кон вашиот внатрешен свет за кои сакате да дознаете повеќе.
  4. Ги отстранувате бариерите, го отворате срцето и немате проблем да ги кажувате вашите најинтимни тајни.
  5. Говорот на телото покажува дека ви е пријатно со оваа личност – се однесувате слободно и онака како што сакате, без двоумење.
  6. Интуицијата зборува преку пеперутки во стомакот или кога целото тело ви трне. Чувството на возбуда ви кажува дека сте на добро место.
  7. Чувствувате неверојатна среќа што не можете да ја скриете.
  8. Зборовите не се присутни – се разбирате едни со други дури и во апсолутна тишина.

Магнетната привлечност може да биде добра основа за врска исполнета со безусловна убов. Поврзувањето на ниво на енергија е првиот чекор кон создавање романтична врска.

Сепак, магнетната привлечност не може да трае вечно, но мoже да прерасне во љубов. Ако тоа не се случи, ќе научите уште една важна лекција што ќе ви значи во создавањето други односи.

Напиши коментар