Дали некогаш сте почувствувале магнетна привлечност со некоја личност? Тоа е моментот кога сакате повеќе да ја запознаете таа личност и да ги откриете нензините чувства, а причината за тоа е моќниот енергетски баланс помеѓу вас.
Магнетската привлечност е нешто што го чувствувате и доживувате кога сте во близина на некоја личност, а интуицијата ви шепоти дека е присутна. Понекогаш не можете да избегате од тие чувства, едноставно се повеќе им се препуштате на нив.
- Меѓу вас постои привлечност на подсвесно ниво
- Имате слична енергија и луѓето во околината ви кажуваат дека сте создадени едни за други
- Воспоставувате контакт со очите – тие се прозорци кон вашиот внатрешен свет за кои сакате да дознаете повеќе
- Ги отстранувате бариерите, го отворате срцето и немате проблем да ги кажувате вашите најинтимни тајни
- Говорот на телото покажува дека ви е пријатно со оваа личност – се однесувате слободно и онака како што сакате, без двоумење
- Интуицијата зборува преку пеперутки во стомакот или кога целото тело ви трне. Чувството на возбуда ви кажува дека сте на добро место
- Чувствувате неверојатна среќа што не можете да ја скриете
- Зборовите не се присутни – се разбирате едни со други дури и во апсолутна тишина
Магнетската привлечност може да биде добра основа за врска исполнета со безусловна љубов. Поврзувањето на ниво на енергија е првиот чекор кон создавање романтична врска.
Сепак, магнетската привлечност не може да трае вечно, и прераснува во љубов. Ако тоа не се случи, ќе научите уште една важна лекција што ќе ви значи во создавањето други односи.