Двајца мажи
Ако прво видовте двајца мажи како стојат покрај волшебникот, вие сте личност која е тврдоглава, фокусирана и има целосна контрола врз својот живот. Звучи исцрпувачки? Животот би ви бил многу полесен кога би имале партнер, затоа што тогаш би имало некој друг покрај вас кој знае како треба да се одвиваат работите. Сакате партнер на кој можете да се потпрете, некој што е љубезен кон вас и кој ве поддржува.
Машко лице
Ако видовте машко лице, вие сте личност која се стреми да ја заслужи почитта кај луѓето околу себе. Обично немате проблем со тоа, затоа што добро ги читате луѓето и знаете како на кого да се претставите. Тоа е корисна вештина, а вие не сте неискрени во проценката што треба да му презентирате и на кого, но прилагодливи сте, и таа одлика ве прави мистериозни. Она што навистина ви се допаѓа кај еден партнер, е да ве прифати целосно.
Човек во палто
Ако прво видовте маж во палто, вие сте прилично тажна личност. Никој не вели дека сте клинички депресивни или, генерално, личност која е обично тажна и безволна. Вие сте свесни за рамнотежата помеѓу животот и смртта, среќата и тагата, почетокот и крајот. Тоа е тежок начин да се погледне светот како целина, но дефинитивно ве учи да ги цените и најмалите работи. Она што навистина ви треба од љубовта е целосно прифаќање.
Бебе
Бебето значи дека сте тип на личност која често се чувствува беспомошно. Вие знаете како да се грижите за себе и како да ги плаќате сметките, но поголемиот дел од времето чувствувате дека само седите и чекате да ви се случи нешто. Често сте под стрес, лишени од сон и склони сте на плачење. Она што навистина ви треба од љубовта е некој да ве негува.
Волшебник
Ако прво го видовте волшебникот на фотографијата, толку сте љубопитни за вашиот иден живот, колку што сте љубопитни и за овој. Вие сте мотивирани од свеста и верувањето дека овој живот не е единствениот. Она што ви треба во љубовта е духовна врска со некого.