After Midnight

Ако се прашувате зошто: Ова се можните причини поради кои некој се заљубил во вас

Сигурно сте се запрашале барем еднаш во животот што предизвикува некој да се за заљуби во вас.

Повеќето луѓе не знаат како да ги објаснат или јасно да ги вербализираат своите чувства или одлуки кога се заљубуваат, па најчесто сè останува на коментарот дека љубовта е слепа.

Без магија и други „помошни“ средства, можеме да влијаеме на нечија одлука да се заљуби или да не се за заљуби во нас? Научниците одлучија да ја решат оваа тешка љубовна равенка со помош на сите познати варијабли.

Резултатите се интересни, иако не се целосно непредвидливи, а одговорите се, всушност цело време пред нашите очи.

Психолозите го велат следново:

  1. Луѓето имаат тенденција да се заљубуваат во луѓе кои се слични на нив. Оние со кои имаат заеднички вредности, честопати се на слична возраст или имаат слични животни искуства.
  2. Ако сакате некој да се заљуби во вас, шансите да проверите колку е тоа можно, се кријат во генетиката и родителите на лицето по кое ви копнее срцето. Ова значи дека ако имате квалитети на некој од родителите на вашата сакана личност, имате големи шанси среќно да ја реализирате намерата.
  3. Биологијата има голем удел во физичката привлечност, на која тешко може да се влијае премногу. Значи, она што веќе го знаеме – жените се попривлечни во овулацијата или мирисаат подобро веднаш по циклусот, а мажите прават малку повеќе тестостерон после спортување.
  4. Луѓето кои дури и со своето тело оставаат впечаток на отворени и позитивни луѓе, имаат поголем успех во заљубувањето!
  5. Споделувањето возбудливи или застрашувачки искуства е одличен начин, велат психолозите, да ја пронајдете вистинската личност за вас. Оние кои уживаат во екстремни спортови ќе сакаат луѓе кои со задоволство ќе им се придружат на активен одмор.
  6. Ако вие и вашата симпатија живеете блиску еден до друг, поверојатно е дека симпатијата ќе се претвори во нешто друго, затоа што состаноците на блиското спортско игралиште, во супермаркет или слично можат многу да помогнат во процесот на зближување.
  7. Насмеаните девојки имаат подобри „резултати“ кога станува збор за забележување и за заљубување. Истражувањата покажуваат дека оние кои повеќе се смеат, најверојатно полесно ќе освојат нечие срце.

Напиши коментар