Astro&Horoscope

Ако за 2020 година мислевме дека е пеколна – Новата нема да биде ништо подобра за овие три хороскопски знаци

Ќе имаат голем број ограничувања во остварувањето на своите амбиции

Во 2021 година нè очекуваат три периоди на ретрограден Меркур , а 3 знаци на Зодијакот ги очекуваат најмногу предизвици и пречки.

Повеќето пречки ги очекуваат во областа на деловните проекти. Тие ќе имаат бројни ограничувања во остварувањето на своите амбиции, но ако работат на своите способности, ќе можат да надминат одредени бариери.

Позицијата на планетите лошо ќе влијае на нивното поле на комуникација, па затоа се можни бројни несогласувања. Верувајте и подарете им го срцето на луѓето кои се со вас и кога животот носи и лоши моменти.

РАК

Ќе направите многу грешки, а конкурентите лесно ќе го почувствуваат мирисот на вашиот неуспех. Ќе ви треба многу сила за 2021 година, но не заборавајте дека ја имате во вас. Бидете внимателни кому верувате и што потпишувате, особено за време на фазите на ретрограден Меркур. Можни се финансиски проблеми, но на крајот ќе излезете од овој животен тест многу посилни.

ВАГА

Вашите предизвици во 2021 година се поврзани со полето на љубовта. Ве чека емотивен ролеркостер, кој ќе ги тестира границите на вашата љубов. Мешаните чувства и конфузијата ви отежнуваат да носите одлуки, но ќе сфатите колку сте силни и колку можете да се справите.

Овој предизвик ќе се случи во втората половина на 2021 година – тогаш обидете се да бидете свесни за сите потенцијални ризици и да не бидете под притисок. Ќе бидат откриени некои карти, а во љубовната игра важно е да останете верни на себе и на сопствените вредности.

ОВЕН

Јупитер во знакот на Јарец носи тешки предизвици за луѓето родени во знакот Овен. Ќе имате големи желби и бројни очекувања, но плановите ќе бидат блокирани. Ќе бидете премногу себични и ќе мислите дека можете да поместите планини, но нема да им се посветите на плановите и на одлуките на вистински начин.

Најдобар излез е да играте безбедно и да размислите добро пред секој чекор. Кога ќе се појават проблемите, бидете смирени. Ако станете премногу самокритични, негативните чувства сè повеќе ќе ве попречуваат на патот кон личниот развој.

Напиши коментар