Free zone

Андреа прави чуда со помош на шминка: На своите усни црта животни, цвеќиња и природа


Уметноста и шминката се нејзините две најголеми љубови : Андреа Рид, шминкерка и модел од Канада, е вистинска sвезда на Интернет последните денови. Имено, медиумите ги забележаа нејзините уметнички фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, каде оваа девојка објавува слики со вешто нацртани усни.

Андреа на Инстаграм ја следат повеќе од 287 000 луѓе кои редовно го коментираат нејзиниот талент за цртање и шминкање. ,,Како успеваш совршено да ја исцртувате устата секој пат? Секој дел од тебе, девојче, е прекрасен ” – тоа е само еден од коментарите.

Андреа речиси секој ден црта на усните и ги споделува тие фотографии со своите придружници. Животни, цвеќиња и природа се само некои од мотивите што оваа девојка вешто ги слика.

За овој цртеж, вели таа, пронашла инспирација во налепниците користени на WhatsApp, популарна апликација за дописи.

Покрај кравата и лисицата, на нејзиниот Инстаграм профил можете да најдете слики и од други животни, бидејќи оваа уметница е нивен голем обожавател.

Андреа со својата шминка ги слика природата, цвеќињата и небото.

Зелен лист од мојот омилен чај – напиша оваа девојка.

Инспирацијата ја пронашла во музејот Белведере во Виена, кога ја видела познатата слика „Бакнеж“.

Андреа откри и колку време и е потребно да наслика вистинско уметничко дело на нејзините усни:

Чистењето на усните трае од 3 до 6 часа, а фотографирањето до еден час. Потоа следува уредување на фотографиите, што трае до 4 часа.

Оваа уметница вели дека уште од детството имала желба да направи нешто креативно, и отсекогаш обожавала шминка, па решила да ги комбинира двете.

Усните се моето платно и предизвик е да се направи нешто на нив. На луѓето им се допаѓаше тоа што го работев, па затоа и продолжив – откри Андреа.

Напиши коментар