Celebrity

Анџелина Џоли реши да го продаде подарокот кој го доби од нејзиниот поранешен сопруг – Сумата којашто може да ја заработи е навистина вртоглава!

Холивудската актерка, Анџелина Џоли го продава подарокот од поранешниот сопруг Бред Пит, кој во 2011 година го купи од трговец на уметнички дела.

Имено, таа ја продава сликата насликана од британскиот воен премиер, Винстон Черчил, за време на Втората светска војна. Според странските медиуми и Си-Ен-Ен, делото на аукција би можело да достигне огромна цена од неколку милиони долари.

Сликата што ја насликал Черчил се вика „Кулата на џамијата Кутубија“ во Маракеш, Мароко, а која Бред и ја подари на Анџелина пред 10 години, се движи помеѓу два и четири милиони долари!

Сликата е направена откако Черчил присуствувал на конференција во Казабланка, во јануари 1943 година.

Тој му ја подарил таа слика на американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт.

„Тоа е единственото дело што Черчил го наслика за време на војната, можеби охрабрен од напредокот на сојузниците, во земјата што ја сметаше за една од најубавите што ги видел некогаш“, изјави Ник Орчард и додаде дека делото е ставено на продажба од страна на “Jolie Family Collection”.

Напиши коментар