Celebrity

Анџелина Џоли првпат дозволи да се сними дел од нејзиниот дом: Актерката отворено зборуваше за децата и разводот

Една од најубавите жени на светот, Анџелина Џоли (45), води затскриен живот, ретко глуми, а уште поретко дава интервјуа за медиумите, особено откако во 2016 година започна постапка за развод од Бред Пит (57). Парот помина 12 години во врска и две години во брак, заедно имаат шест деца, а откако заврши нивната врска, актерката се споменува во медиумите главно низ призмата и шпекулациите за бракоразводната парница.

Анџелина позираше за насловната страница на британскиот Вог за месец март, кој ќе се најде во продажба на 5 февруари. Покрај тоа што отворено зборуваше за нејзиниот однос со децата, таа му дозволи и на фотографот Крег МекДин да фотографира дел од нивниот дом.

“Седењето мирно никогаш не ми одеше добро. Иако отсекогаш сакав да имам многу деца, се замислував како Џејн Гудал, која покрај тоа патува и низ џунглата, никогаш не го замислував тоа на традиционален начин. Се чувствувам како да ми недостасуваат сите вештини за да бидам традиционална мајка која е секогаш дома. Се снаоѓам затоа што моите деца се прилично издржливи и ми помагаат, но воопшто не сум добра во тоа“, опиша Анџелина.

Актерката со поранешниот партнер Бред Пит ги има 19-годишниот син Медокс, 17-годишниот Пакс, 16-годишната Захара, 14-годишната Шило и 12-годишите близначки Вивиен и Нокс.

Позитивно кон иднината

Џоли откри дека инсистира на позитивно гледање на иднината, иако призна дека не знае дали во моментов е целосно среќна.

“Изминатите неколку години беа доста тешки. Јас се фокусирав на заздравување на нашето семејство. Крвта која се топи полека како мраз се враќа во моето тело. Со нетрпение ги чекам педесеттите години и чувствувам дека ќе направам чекор напред. Иако, пред некој ден бевме на трамболина и децата ме предупредуваа дека треба да внимавам да не се повредам, и си помислив: ‘Боже, колку е смешно тоа? Јас бев акциона актерка, а сега и децата ми велат да се симнам од трамболината затоа што ќе се повредам”, се пошегува актерката.

Напиши коментар