Авторите на популарната серија „La casa de papel“ подготвија ново достигнување. Тие продолжија да се држат до жанрот акционeн трилер, но новата серија ќе биде значително поразлична од претходната.
Новото достигнување е наречено „Sky Rojo“ (Црвено небо). Естер Мартинез и Алекс Пиња, авторите на серијалот, соработуваат со години, но нивната популарност низ целиот свет ја носи серијата „La casa de papel“. Сега со серијата „Sky Rojo“ тие ја претставуваат приказната за три проститутки кои се обидуваат да се ослободат од својот макро.
Најавувајќи многу потемна и побрутална реализација од претходната, серијата има за задача да го прикаже мрачниот свет на шпанската социјална сцена. Епизодите, како што е најавено, ќе излезат на 19 март годинава. Серијата ќе се состои од две сезони, од кои секоја ќе има осум епизоди во траење од половина час.
Домашната публика ќе биде заинтересирана за тоа што главната улога во серијата „Sky Rojo“ ја игра актерката Вероника Санчез. Вероника се прослави благодарение на улогата на Ева во серијата „Серанови“.
Покрај неа, главните улоги ги толкуваат Јани Прадо и Лали Еспосито. Важна улога игра и актерот Асиер Екеандија, како и Мигел Анхел Силвестре. Силвестр беше ѕвездата на сериите „Силиконски убавици“, „Сенс 8“ и „Наркос“, а ќе се појави и во последната сезона на серијата „La casa de papel“.