After Midnight

БАКНЕЖ ВО ЧЕЛО има повеќе значења, а ЕДНО ПОСЕБНО се издвојува

Дејствата зборуваат погласно од зборовите, а тоа важи и за бакнежот. Кога некој ќе ве бакне по челото, тоа има посебно „значење“, а еве што.


Бакнежот на челото е многу поинтимен и личен знак отколку што многумина мислат. Кога некој ќе ве бакне во чело, знајте дека вие заземате многу посебно место во неговото срце.

Бакнежите на челото се вообичаени со пријателите, паровите, родителите, но можеме со сигурност да кажеме дека тие значат многу повеќе од кој било друг бакнеж.
Еве зошто!

Ваков бакнеж може да добиете од вашиот пријател кога сте под стрес, а тој сака да ве утеши.
Но, ако вака ве бакне личност која претходно ве сакала на поинтимен начин, тоа значи дека вашата врска станува посериозна.
Исто така, бакнежот на челото од страна на партнерот вели дека тој сака да се грижи за вас, да ве заштити. Со бакнеж во чело, мажот / жената ви кажува дека се грижи за вас, дека сака да споделува простор со вас, дека вие многу му/ѝ значите.

Тие укажуваат на многу длабока емотивна врска, а значат и благодарност и почит!
Бакнежот во чело е исто така знак на обожавање – да бакнувате некого на челото е како да кажете: „убава си“ или „те обожавам“.

Тој вели дека ви се допаѓа личноста која ве бакнува во чело, особено на јавни места, ако не сака тоа да биде премногу очигледно.

Тој тивко вели: „Те сакам“.
Исто така, ви покажува дека сте во умот на лицето кое го дава бакнежот.

Тоа е исто како да ја сакате својата душа – нашето чело ја претставува третата чакра која е центар на предвидливост и интуиција.

Напиши коментар