Били Aјлиш и Росалија се здружија во песната „Lo Vas A Olvidar“, која беше објавена вчера за серијата „Еuphoria“, а двете sвезди навестуваа на заедничко издание скоро една година.
Возбудата на фановите кои ја чекаа оваа соработка не стивнуваше со текот на времето, а музичарите пред некој ден официјално објавија што ги чека и со тоа ја потресоа јавноста.
Резултатот е возбудлива песна, препеана на шпански јазик, која ги претставува и Били и Росалија во ново светло. Двете се појавија и во придружното видео зад кое стои наградуваниот режисер Набил.
Песната беше објавена како придружна песна на втората специјална епизода од серијата на HBO „Еuphoria“. Оваа епизода е достапна од 23 јануари на HBO GO.
Во декември, премиерата ја имаше својата прва епизода, која се случува за време на Божиќната прослава и ја следи Руе (Зендаја), која сè уште се опоравува откако Џил ја остави на станицата. Втората епизода ја следи Џил, која се сеќава на изминатата година за време на Божиќните празници.