22-годишникот го покажа својот нов ѓердан на Инстаграм
Нема сомнение дека Бруклин Бекам и свршеницата Никола Пелц се големи обожаватели на накит – затоа не беше изненадување кога двојката ги претвори своите заби во златни ѓердани и ги покажа на Инстаграм.
Во четвртокот вечерта, најстариот син на Дејвид и Викторија сопдели „Стории“ од актерката на која пишуваше: „Од нашите ,, умњаци” направивме ѓердани. 22-годишникот додаде: „Зборовите не можат да опишат колку те сакам @nicolaannepeltz.
„Јас сум најсреќната личност на оваа планета xx, ќе те сакам засекогаш“.
Тој подоцна додаде крупен кадар од нивните нови ѓердани и рече: “Најдобриот подарок од мојот најдобар пријател и најневеројатната свршеница x Те сакам како луд. Ти си најдоброто нешто што ми се има случено. Те сакам @nicolaannepeltz “
Набргу потоа, Бруклин продолжи да ја фали својата партнерка актерка, која неодамна го заврши снимањето на нов филм, во кој самата таа се појави во улога на режисер.
„Јас сум многу горд на тебе и со нетрпение очекувам да го видам овој проект. Ти си сте најталентираната личност и јас сум многу среќен што твојот сон се остварува. Напорно работеше да го создадеш овој неверојатен филм и неверојатно уметничко дело “,стави наслов бруклин, на неколкуте слики на кои тој се бакнува со Никола додека во раката држи табла за филмски клапи.
Тој продолжи: „Јас сум толку среќен што бев дел од тоа и се сретнав со неверојатната екипа, едвај чекам да го видам најневеројатниот филм„ Лола Џeјмс “.