Celebrity

Целиот свет зборува за разводот на Ким Кардашијан и Канје: Дали гласините за неверството сепак се вистинити?

ТикТок сугерираше дека Канје Вест, најверојатно ја изневерил Ким Кардашијан со Џефри Стар – без докази – веста стана вирална и се прошири со огромна брзина.

Гласините ги започна корисничката на ТикТок, Ава Луиз, која претходно се прослави со песната Skinny Legend Anthem, како и со спотот во кој таа го лиже тоалетот во „предизвикот со Коронавирусот“.

Во Тик Ток, Луиз покажува статија од таблоидот Пејџ Сикс, кој во вторникот објави дека Ким и Канје наскоро се разведуваат. ТВ sвездата наводно ја ангажирала адвокатката Лора Васер, а изворот тврди дека Ким го натерала Вест да замине во Вајоминг.

Како одговор на веста, Луиз изјави дека постојат озборувања за Вест со месеци, а разводот „не изненадува“ затоа што „Канје се поврзува со многу познат гуру за убавина – машки гуру за убавина“.

„Многу луѓе од сцената знаат веќе подолго време“, вели Луиз во видеото. Нејзе и се допаднаа коментарите во кои луѓето прашуваа дали е тоа Џефри Стар, а во продолжение таа тврди дека нејзина пријателка, која е адвокат на позната личност во ЛА, ја запознала Ким пред неколку месеци и дека „добила докази “за поврзаноста на Канје со Џефри.

Луиз додаде дека не може да обезбеди „конкретни докази“ за ова тврдење, но идејата дека Канје ја изневерил Ким со Џефри брзо се прошири на Интернет.

Напиши коментар