Free zone

Четири фризури кои ќе ја обележат 2021 година: Бидете секогаш модерни и во тренд!

Фризурите се менуваат, а откако запловивме во 2021 година, доаѓаат нови вибрации кога станува збор за популарните фризури.

Пристигнуваат одредени промени, а подолу ви донесуваме предлози за модерни и тренди фризури кои ќе го освежат вашиот изглед.

Густи шишки

Долгите ретки шишки се едни од најбараните фризури за 2020 година. Но, очигледно, овој тренд ќе биде популарен и во новата година.

Сепак, познатите фризери забележуваат дека таканаречените завеса шишки, ќе им отстапат место на густите, богати шишки. Но, заедничко за нив е релаксацијата и фактот дека ние и понатаму продолжуваме да бегаме од строгите рамни шишки.

„Тап“ боб фризура

Правилото за отстапување од строгите рамни краеви продолжуваме да го применуваме и кога станува збор за една од најбараните фризури. Се разбира, тоа е краток боб, а познатите фризери истакнуваат дека при изведување на таканаречениот „тап“ боб, целата коса треба да биде со иста должина.

Пикси

Што се однесува до драстичните промени, на списокот е и неприкосновена кралица на кратките фризури – пикси. Оваа фризура е наменета за храбри дами кои се подготвени да ризикуваат.

Прамени што го врамуваат лицето

За сите дами кои сакаат долга коса, но сакаат малку да ја освежат, ова е идеална варијанта.

Постепено исечените прамени кои го врамуваат лицето, ќе ја донесат посакуваната доза на релаксација и разиграност.

Оние кои се посмели и посклони на експерименти, можат да ги обојат предните прамени во друга боја.

Напиши коментар