Не верувајте им – НИКОГАШ!
Овен
Овните лесно пламнуваат, а кога некој ќе ги налути, тие се во состојба да ги откријат и најтемните тајни само за да ги повредат. Иако обично жалат за ваквите испади подоцна, нивната ненадејна природа не ги прави доверливи.
Близнаци
Муабетењето на Близнаци е омилено хоби, затоа немојте да им кажувате тајни дури и кога тие се вашите најдобри пријатели. Тие едноставно горат од желбата кога ќе научат нешто ново, да им го кажат тоа на другите.
Стрелци
Тие сакаат да зборуваат многу и честопати се познати како најголеми брбливци во друштвото. Посебно ако се опуштат, знаат да зборуваат за сè што не треба, па затоа сте побезбедни ако не им ги кажете своите тајни.
Водолија
Обично се со слободоумни и може да се потсмеваат на вашата потреба да ги чувате обичните работи во тајност. Затоа тие без размислување ќе ве ,,’издадат’ во друштво.