Astro&Horoscope

Чудесни и непредвидливи: Откријте сè за жените Водолии!

Дел од нејзината привлечност лежи во нејзината мистериозност – тешко е да ја разберете и да ја сфатите, но тоа е затоа што жената Водолија е секогаш само своја. Стереотипите не се однесуваат на неа и невозможно е да ја „ставите во фиока“ затоа што таа е отворен неконформист и бега од социјалните правила и норми. Секогаш работи сама и не сака кога другите ќе и кажат што да прави.

Од друга страна, хуманитарец е и има големо срце, секогаш е подготвена да помогне, без разлика дали е финансиска, емотивна или каква било друга помош. Таа сака напредок, но на лично ниво не сака промени. Силно е приврзана за своето минато и спомените што ги чува како најголемо богатство, а лојалноста ја носи на ново, подлабоко ниво – не само да остане лојална на нејзиниот партнер, туку и на одредена марка, продавница, ресторан, тим, пејач… во добро и во лошо.

Секс и врски
За жена Водолија животот е игра во која секој игра според своите правила. Кога станува збор за љубовта, таа ќе се погрижи играта да биде особено забавна и никогаш досадна. Но, нејзиниот лесен поглед кон животот и љубовта не значи дека лесно се вљубува. Напротив, и треба време да се поврзе емоционално со некого и да и верува на другата личност.

Кога е во врска, таа ја цени својата независност, слобода и „простор за дишење“ повеќе од што било друго (што се совпаѓа со нејзиното припаѓање во групата воздушни знаци), а тоа му го дава и на својот партнер. Водолијата секогаш ќе чува дел од себе што нема да им го открие ниту на најблиските луѓе.

Оригинална и непредвидлива, тоа ќе му овозможи на нивниот партнер задоволства за кои тој дури и не знаел дека постоеле порано. Нема сопирачки за неа во спалната соба, таа сака да експериментира и со задоволство ќе испроба сè, дури и секс на јавно место. Идеални партнери за неа се Вага, Близнаци, Стрелец и Овен.

Пријателство
Додека шета по улицата, таа ќе застанува одвреме-навреме да се поздрави со луѓето што ги познава. Поради тоа, се чини дека е пријателка со сите, но тоа се всушност нејзини познаници и драги луѓе кои ја сакаат затоа што жената Водолија сака да биде во добри односи со сите и бега од конфликти и расправии.

Што се однесува до пријателите на коишто им дозволува да и се приближат целосно, може да ги изброи на прстите од едната рака.

Таа е дарежлива и секогаш е тука за нејзините пријатели. Водолијата се дружи со луѓе со кои ја дели љубовта кон независноста и интелектуалните активности и аспирации. Ова е жена од која секогаш можете да побарате искрен совет и која секогаш ќе ги има вистинските зборови на утеха.

Изглед
Суптилна и шармантна насмевка, спуштени очи, привлечен нос, силна вилица, дупчиња на образите, мека кожа, темна, густа коса и грациозен став, се некои од карактеристиките на физичкиот изглед на жената Водолија.

Тие не се олицетворение на крајната женственост и страст, дури почесто потсетуваат на момчешки изглед, но токму затоа се бараат во светот на моделирањето каде владее андрогениот изглед. Тие обично се витки и високи, иако вратот може да биде пократок и поширок.

Очите им даваат голема живост, но често имаат сериозен израз на лицето. Тие се украсени со чист и артикулиран глас. Сепак, без оглед како изгледа однадвор, без оглед на најсериозниот израз на лицето, веселата жена Водолија секогаш ќе ужива и ќе биде задоволна одвнатре.

Напиши коментар