Celebrity

Цитати од популарниот актер – Ал Пачино и неговиот поглед на животот

Еден од најголемите актери во филмската историја, Ал Пачино, сè уште воодушевува со својата глума. Покрај одличните актерски способности, овој актер често ја споделува и мудроста, којашто ја стекнал во текот на животот.

Ви претставуваме неколку од неговите најимпресивни изјави, во кои можете да најдете голема инспирација.

„Не губам време на луѓе кои ме повредиле. Не се вртам кон нив и не размислувам премногу за тие ситуации. Немам време да ги мразам оние што ме мразат, бидејќи премногу сум зафатен со оние што ме сакаат.“

„Не ми треба убава жена, која можам да ја купам со пари. Не ми треба богатство. Јас веќе имам сè. Не ми треба приврзаност: бидејќи скоро сите жени стануваат „мои“ за неколку долари, а оние кои не се приврзани за мене, можам да ги освојам кога сакам. Ми треба стабилна жена. Лојалноста не може да се купи со пари.”

„Никогаш не правдате се и не објаснувајте се никому. Секој ќе разбере онака како што му одговара!“

„Првото правило е: Никогаш не се откажувај. Второто правило е: Секогаш сети се на првото правило.“

„Лесно е да се залаже окото, но најтешко е да се залаже срцето.“

„Колку помалку сакате работи, толку повеќе ќе ги добивате. Ако е предодредено да се случи, тоа ќе се случи. Секој пат кога ќе форсирав нешто, се покажа дека не е тоа вистинското.“

„Мислам дека не е важно во кого сте за вљубени – жена или маж. Сакате – тоа е најважната работа!“

„Книгите и претставите ми помагаат да го најдам своето место во светот. Дојде до промена, станав посериозен.“

„Гордоста и ароганцијата се слуги на ѓаволот. Ако не можете да ги контролирате, тие ќе почнат да ве контролираат вас.“

Напиши коментар