After Midnight

Да го сакате партнерот безусловно – Дали е тоа воопшто возможно во овој свет?

Безусловна љубов значи да не бидете приврзани за резултатот од љубовта што ја пружате. Љубовта може да биде возвратена, но исто така и не мора, затоа што не е дел од договорот. Сакајте – без да очекувате нешто за возврат.

Како да се постигне безусловна љубов?
За да ја добиете, мора да бидете подготвени и способни да ја дадете. Тоа е двонасочна улица. Двонасочната улица не е услов, таа повеќе се базира на личен раст и привлечност. Повеќето луѓе сакаат безусловна љубов, затоа што сакаат да бидат сигурни дека личноста нема да ги остави заради она што ќе го направат или кажат, но ретко се подготвени да го дадат истото за возврат.

Ако тоа е случај со вас, вашата потреба за безусловна љубов веќе има услови. Повеќето луѓе не сфаќаат дека треба да се потрудат, туку само сакаат да добијат на готово. Причината што треба да бидете подготвени и способни да ја дадете е што тогаш ќе привлечете други луѓе кои се во можност да го сторат истото.

Самодовербата што ја стекнувате кога ќе препознаете дека сте цело и целосно човечко суштество е истата самодоверба што е толку привлечна за другите луѓе кои имаат огромна самодоверба и кои ќе можат да ви понудат безрезервна љубов. Кога ќе стекнете самодоверба, ќе можете да обезбедите љубов без да очекувате ништо за возврат.

Вашите чувства нема да бидат повредени ако вашиот партнер не го направи она што мислите дека треба да го стори или не го каже она што мислите дека треба да го каже. Нема да ви треба потврда или прифаќање од вашиот партнер, за да се чувствувате вредни затоа што веќе се чуствувате така.

Ќе се чувствувате поврзани со него, дури и ако не се појави на време, не ве побара или го заборави вашиот роденден. Можеби ќе бидете вознемирени, но вашата љубов кон него нема да се промени поради тоа. Може да прашате: “За што ќе ми биде потребен тогаш?” Тоа е тоа. Нема да ви треба. Ќе го посакате и ќе бидете во врска со него поради огромната желба.

Потребата да се биде во врска и желбата да се биде во врска се две сосема различни работи. Повеќето луѓе сметаат дека треба да бидат во врска за да се чуствуваат целосно или затоа што општеството е немилосрдно кон слободните или не се чувствуваат пријатно додека се сами.

Некои луѓе се горди на тоа што пружаат безрезервна љубов и им кажуваат на луѓето за тоа.

Можеби за да бидат прифатени или за да добијат одобрување? Ова значи дека нивната љубов што ја даваат е исполнета со потреба, затоа не е безусловна. Дали истите овие луѓе би сакале на ист начин кога не би можеле да кажат никому за тоа?

Затоа, размислете дали сте подготвени да дадете безрезервна љубов. Нема точен или погрешен одговор; само автентична свесност за тоа каде се наоѓате, ослободување на притисок и потреба да ја пронајдете емоцијата што може да биде клучна на вашиот пат кон безусловната љубов.

Напиши коментар