Фановите со нетрпение го очекуваат продолжението на серијата „Сексот и градот“, која ќе има десет епизоди во новата сезона.
Иако сме навикнати на четворката, којашто беше беспрекорна, Ким Картал, односно, ликот на славната Саманта, ќе отсуствува во новата серија.
Сепак, според американските медиуми, продуцентите бараат соодветна замена, па се погласни се шпекулациите дека легендарниот лик Саманта Џонс ќе ја игра актерката Џенифер Колинг, која е запаметена по улогата на мајката на Стифлер во филмот „Американска пита“.
Шпекулациите за тоа дали ќе се појави во серијата ги прекина самата актерка, која за време на едно гостување во емисија објасни зошто не сака да се појави во култната серија:
- „Никој не може да ја замени Ким. Бев и сè уште сум голем обожавател на серијата. Тоа е една од оние серии од кои никогаш не ви е досадно, можете да ги гледате репризите безброј пати и повторно нема да ви биде доволно. Но, тука не сум само јас во прашање, туку никој, апсолутно никој не можеше да ја замени одличната Катрал, таа е едноставно совршена“ – заклучи актерката.
Најверојатно, серијата ќе се базира на љубовните животи на сега 50-годишните Кери Бредшо, Миранда Кер и Шарлот.