Чарли Д’Амелио овие денови ги демантира бизарните трачеви кои кружат за неа на Интернет.
Имено, еден дел од нејзините следбеници тврди дека младата интернет sвезда била принудена да ги објавува снимките на социјалните мрежи, а родителите Хајди и Марк ја присилиле на тоа.
Таа го демантираше ова во коментарите под едно од видеата на ТикТок.
„Среќна сум што имам толку неверојатни родители, а кога луѓето шират лажни гласини за моето семејство, морам да се огласам“, започна таа.
„Имам неверојатен татко и семејство кои никогаш, никогаш не ме повредиле или користеле. Ве молам, престанете да ги ширите овие лаги“
„Ако не сум расположена за објавување, не објавувам. Никој не ме присилува. Моите родители се грижат за моето ментално здравје повеќе од сè“
За жал, ова не е прв пат семејството Д’Амелио да се занимава со лажни вести кои се шират преку Интернет.
Минатата година во ноември, еден од придружниците праша зошто нејзините родители се однесувале толку лошо кон неа, што таа брзо го демантираше.