Авторката на многу книги, Трејси Кокс, тврди дека жените се подобри љубовници како што стареат, а дека на мажите не им е грижа за возраста, туку она што ги привлекува е изгледот.
Резултатите од ова истражување ги објави и „Дејли меил“, а во нив се наведува дека мажите навистина не се грижат за возраста на жената и дека тие внимаваат првенствено на изгледот.
Кокс заклучува дека жените стануваат подобри љубовници со возраста затоа што точно знаат што прават, а тоа може да се припише на искуството. Лесно ја преземаат главната улога, не брзаат, гласно кажуваат што сакаат, самоуверени се и не им е непријатно да даваат упатства.