Новата ѕвезда на Инстаграм е Руперт Гринт, кој се прослави со улогата на Роналд Весли во филмовите за Хари Потер.
Тој се приклучи на Инстаграм на 10 ноември, кога ја објави првата фотографија со неговата новородена ќерка. Она што никој до денес не го знаеше е дека тој тогаш го сруши рекордот – за само четири часа и една минута доби милион следбеници.
До тогаш, рекордот го држеше Џенифер Анистон, која доби ист број на следбеници за 5 часа и 16 минути.
„Еј Инстаграм, доцнам десет години, но еве ме. Тука сум да ве запознаам сите со г. Гринт “, напиша тој во ноември.
Подоцна изјави дека сметал дека никогаш нема да се приклучи на оваа социјална мрежа.
„Никогаш не помислив дека ќе се приклучам на Инстаграм. Јас секогаш велев дека не би, а потоа само помислив: „Зошто да не?“