Celebrity

Дали знаете која епизода од серијата „Пријатели“ важи за најомразена?

Можеби ја проголтавме секоја епизода од серијата „Пријатели“, но една епизода ја зеде титулата за најомразена.

Според рејтингот на IMDb и коментарите на обожавателите, најомразената епизода од една од најдобрите серии од 90-тите е официјално The One With The Invitation. Од 236 епизоди коишто беа снимени, 21-та епизода од 4-тата сезона е најнеомилена.

Дали се обидувате да се сетите на оваа епизода, којашто се емитуваше во април 1998 година? Дозволете ни да ја освежиме вашата меморија.

Во епизодата се работи за тоа дека Рејчел (која ја играше Џенифер Анистон) добила покана за венчавката на Рос и Емили – што ја навреди Емили, откако Рос првично рече дека нема да ја покани поранешната девојка.

После многу размислувања, Рос, кој го играше Дејвид Швимер, одлучи дека не може а да не ја покани Рејчел на свадбата во Лондон. Епизодата се состои од мноштво спомени и враќање назад кон врската на Рос и Рејчел, па затоа не е изненадување што на IMDB е оценета со само 7,2, во споредба со просечната 8,5 од сите други епизоди.

Бидејќи сите навивавме за Рејчел и Рос, на многумина им беше тешко да гледаат како се жени со друга девојка.

Фала богу, Рос случајно го изговори името „Рејчел“ на олтарот. Сепак, љубовта на парот процвета дури откако Рејчел избегна кариера во Париз да остане со него. Останатото е историја.

А, додека ги гледаме сите епизоди повторно, чекаме и собирање на оригиналните „Пријатели“: откако се беше запрено поради пандемијата, снимањето на специјалната епизода конечно треба да се случи во март 2021 година.

Напиши коментар