After Midnight

Дали знаете на која група вљубени парови ѝ припаѓате?

Секој од нас е приказна за себе и секоја љубов е единствена. Секој од нас сака на поинаков начин.

Кога зборуваме за типови парови, мислиме на начинот на кој тие се сакаат едни со други. Додека некои парови изгледаат како да се создадени еден за друг, други изгледаат како најдобри пријатели, атрети се толку различни што се прашувате како е можно да се заедно.Но дали некогаш сте се запрашале во која група спаѓате вие?

СРЕЌЕН ПАР

Во оваа група спаѓаат оние парови кои секогаш се насмеани и кои лесно ги наведуваат другите да бидат љубоморни на нивната врска. Тие се совршени за двојни состаноци затоа што никогаш не е досадно во нивно друштво. Малите нешта ги прават најмногу среќни и тие навистина уживаат во секој момент што го поминуваат со својата сакана. Тие имаат одлична смисла за хумор и не им дозволуваат на другите да влијаат на нивното расположение.

 НАЈДОБРИ ДРУГАРИ

Факт е дека сите парови всушност треба да бидат врзани пред се од пријателство, а не само од романтични чувства. За жал, само неколку успеваат. Овие типови парови меѓусебно се сметаат за личност во која имаат најголема доверба, на која секогаш ќе им се обратат за совет и прво да помогнат. Двајцата работат заедно и имаат исти интереси и хоби.

 ПАР ОД СРЕДНО ШКОЛО

Тие се еден на друг ,,прва љубов” уште од средно училиште. Секој им завидува што  се сеуште заедно. Секако, тие беа најпопуларната двојка во училиште и на луѓето околу нив не им е јасно како не се досадувале еднаш. Тие веќе ја имаа испланирано својата иднина, дури и кога седеа заедно на тремот на 15-годишна возраст и гледаа во ѕвездите.

ЛУДО ЗАЉУБЕН ПАР

Ова е еден од оние типови на луѓе кои не ги кријат своите чувства кон саканата личност само затоа што се во јавност. Гушкање, бакнување и нежни зборови – има сѐ, без оглед на тоа кој е присутен. Покрај нив, третото лице секогаш се чувствува излишно, иако тоа не е нивната цел, но тие не можат да се воздржат. Кога не се еден до друг, СМС-пораките и повиците се неопходни.

ПАР во стилот на ,, СТАРА ШКОЛА”

Љубовните врски денес се доста различни и потешко се одржуваат отколку во 50-тите и 60-тите години од минатиот век. Затоа некои парови се обидуваат да практикуваат врска во стилот на ,,стара школа” . Тие не користат социјални медиуми и претпочитаат личен наместо виртуелен контакт со саканата личност. Во стилот на вистинска дама и господин, тие излегуваат на прошетки, вечери и театри.

ОПУШТЕН ПАР

Двојка за која ако не знаевте дека се заедно, никогаш немаше ни да претпоставите. Нема изразување на љубов меѓу нив и се чини како воопшто да не се интересираат еден за друг. Нивните интереси се различни, а тие дури немаат ист круг пријатели. Разговорите за иднината не се нешто на што тие обрнуваат внимание, живеејќи едноставно ден за ден.

ПАР СО РАЗЛИКА ВО ГОДИНИ

Вистинската љубов не знае за години, ќе се согласите. Има неверојатно голем број парови кои го докажуваат тоа со својата хармонична врска, брак и потомство. Таквите парови не дозволуваат разликата во возраста да влијае на нивната врска, ниту да се забележи на кој било начин. Зборувањето за тоа не е стресно за нив, ниту тие му придаваат важност.

Напиши коментар